Алонсо: Ф1 е единствен спорт кој ограничува тестирање

Фернандо Алонсо смета дека нема никаква смисла тоа што Формула 1 очекува возачите кои ќе се тркаат следната сезона да имаат само еден цел и една половина од денот расположливи за тестирање.

Алонсо се враќа на гридот догодина како возач на фабричкиот тим на Рено по двегодишна пауза и тркачката серија, но нема многу можности да се запознае со алатот кој ќе му биде на располагање догодина. Екипите во пресрет на следната година се согласија да го ограничат тетирањето на само три денови пред почетокот на сезоната со оглед што голем дел од развојот е замрзнат, нешто што воопшто не одговара на некој возач кој се враќа во серијата или дебитант.

формула 1 е контрадикторна. се работи за најсовршениот спорт на светот со милиони и милиони во вод на инвестиции, но и единствен спорт каде спортистот има забрана да тренира. следната година во јануари ќе имам само еден цел и една половина од другиот ден за тестирање и потоа почнува сезоната.

незамисливо е некој кој оди на пример на олимписките игри да има толку малку тренинг и да се очекува нешто од него, но што е тоа е. мораме да најдеме алтернативи како симулаторот и друга опрема преку дополнителни ивнвестиции – се пожали алонсо.

Сирил Абитебул, шефот на тимот, исто така се пожали на недостаток на подготовка за својот возач и поради тоа писмено побарал од ФИА шпанецот да вози на тестот за дебитанти по крајот на Гранд При трката во Абу Даби, крајот на сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ