Алонсо често ја исмевал Формула 1 со Раиконен

Фернандо Алонсо изјави дека е среќен што поминал многу години заедно со Кими Раиконен со кого делеле слични мислења за спортот. 

Алонсо и Раиконен дебитираа во 2001 година и двајцата имаа паузи по две години од спортот, имаат титули зад себе, а беа колеги и неколку години во Ферари. 

Кога дебитираш имаш јасна цел за тоа што ќе ти донесе иднината. Очигледно имавме одличен период во Формула 1 кога освоивме титула. Среќен сум што поминав многу години со Кими бидејќи тој многу ќе ни недостига – посочи нандо.

Секако тие двајца имаа и доста борби на патеката и покрај тоа Алонсо смета дека Кими има одличен карактер.

Да бидам искрен, тој никогаш не си игра. Тој е тоа што го гледате, Нема маска кај него, секогаш е јасен и гласен во тоа што го сака. Не е ладен како што сите мислат. Треба да го запознаете вистинскиот Кими. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ