Алпин биле убедени дека Окон може да издржи со едни гуми

Во фабричкиот тим на Алпин биле убедени дека нивниот возач, Естебан Окон, може да го комплетира Турското Гранд При без при тоа да промени гуми.

За време на дождливата трка, французинот заврши со истиот сет гуми со кој ја започна трката, при тоа освои и еден поен со своето 10то место и заостана еден круг зад победнико. По трката, тој објасни дека сметал оти ако има уште еден круг за возење, гумат аќе му се дупнела.

Марцин Будковски, Извршниот директор на Алпин, откри дека промената на нови гуми кај Окон ќе го забавено затоа што интермеиа компонентата поминува низ период на лупење, кога перформансите паѓаат, пред да се вратат на високо ниво.

ни беше јасно дека промена на гуми на средина на трката не беше неопходно и немаше да ни донесе брзина затоа што ионака ќе моравме да минеме низ процес на лупење на гумите. одлчивме тој да остане на патеката врз база на она што го гледавме да го прават другите, но и врз основ на повратните информации во кои тој велеше дека е задоволен од гумите.

чекавме безбедносно возили или сушење на патеката за да направиме промена, но не можевме да предвидиме дали нешто од тоа ќе се случи до крајот.

Тој призна дека возачот веднаш ќе бил повикан по нови гуми доколку имало било каков сомнеж дека ќе следуваат проблеми со безбедноста.

како што трката продолжи, многу блиску ги следевме податоците и ги слушавме неговите информации, ги гледавме камерите од кокпитот и знаевме дека можеме да стигнеме до крајот без да промениме гуми.

секако дека немаше да го оставиме на патеката да имаше некаква загриженост во однос на безбедноста, ние бевме сигурни дека тој може до крајот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ