Алпин имаа катастрофален викенд во Баку

Спортскиот шеф на Алпин, Алан Перман, посочи дека тимот никогаш немал толку тежок Гранд При викенд како овој пат во Баку.

Катастрофата на француската фабричка екипа ја почна пожарот во болидот ја Пјер Гасли во Петок, а тимот се надеваше дека тоа е се, но следуваа судари, поправки, промени на сетирањето под парк ферме и што ли уште не, по што трката ја завршија без ниту еден освоен поен.

не можам да го споредам овој викенд ос никој друг, беше лудо, лошо, тешко, малерозно како никогаш до сега – посочи парман.

Проблемите на екипата започнаа уште на првиот тренинг со протекување на хидрауична течност од моторот на Гасли по што се појави чад, сесијата беше прекината, а моторот мораше да биде променет. И Окон малку возеше на првата сесија поради проблеми со менувачот кој не се решија дури до доцна во предвидениот час, така што тимот имаше многу кусо да ги подготви болидите за квалификации.

треба викендот да го почнете добро подготвен за да одработите совршено, а ние тоа го немавме со ниту еден болид и се ни излезе од контрола.

Перман е презадоволен од работата на механичарите и инженерите и начинот на кој се спрвиле со сите проблеми на овој претежок за нив викенд.

сите во тимот работеа неверојатно напорно викендов, сите имаа претерано многу работа со промената на моторот на пјер и се што се случи потоа. пристигнавме во среда и ги составивме болидите, но и резервните делови. кога ќе искористите се од тоа во петок, мора да работите до доцна во ноќта затоа што има полициски час во петок поради спринт распоредот и болидите влегуваат во парк ферме.

работеа до 10 или 11 часот ноќта, надоместуваа резервни делови кои се искористени и ги проверуваа новите мотори и менувачи кои беа монтирание.

дополнително, следува 14 часови лет до мајами, а некои од нив уште во вторник наутро почнуваат повторно со работа. нема време за одмор, нема начин да се врати силата со толку густ распоред, но ќе се снајдеме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ