Алпин и Рено го поддржуваат Андрети

Тимот Алпин ја искажа својата подршка за обидот на Мајкл Андрети да биде 11от тим на гридот во Формула 1. 

Иако има ентузијазам од Либерти Медиа и ФИА за приклучување на нови екипи во падокот, сеуште нема одговор од истите кон барањето на американецот. Марио Андрети, поранешниот Формула 1 првак и татко на Мајкл, тврди дека неговиот син чека зелено светло од тркачката серија за нов тим во 2024 година. 

Може да го направиме тоа. Со американски тим и возач интересот ќе експлодира – вели марио.

Сега и Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, ја покажа својата подршка за Андрети откако Рено склучи договор да му доставува мотори. 

Ги подржувам. Тоа е добро за спортот и интересот во Америка. Мора да покажеме дека знаеме како да делиме. Мислам дека мора правилно да се истера оваа работа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ