Алпин: Никој од возачите нема корона вирус

Формула 1 тимо на Алпин ги отфрли гласините дека некој од нивните возачи е позитивен на Ковид-19 тест.

Пред трката во Имола се појавија гласини дека еден од возачите на Алпин, Фернандо Алонсо или Есребан Окон е позитивен на коронавирус. Приказната се базираше на појавувањето на Даниил Квјат во падокот на Имола. 

Алпин потврдија дека гласните се погрешни, а Квајт е во Имола за проба на седиште и објавија слики од Алонсо и Окон во падокот. 

Минатата сезона тројца возачи веќе беа позитивни и пропуштија трки. Нико Хулкенберг ги менуваше Лен Строл и Серхио Перез и освои 10 поени додека Џорџ Расел беше повикан како замена за Луис Хамилтон. 

Покрај Строл, Перез и Хамилтон во текот на зимската пауза Шарл Леклер, Пјер Гасли и ЛАндо Норис беа позитивни на корона вирусот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ