Алпин отворени за евентуална соработка со Андрети

Мајкл Андрети со својот Андрети Глобал бара влез во Формула 1 во 2024 година, а французите од Алпин се отворени во евентуално негово снабудување со мотори.

Иако поранешниот Формула 1 првак и татко на Мајкл, Марио Андрети, посочи дека компанијата има некаков договор со снабдувач со мотори, не откри за кој производител се работи.

Алпин користи мотори на Рено чија сопственост е компанијата, а моторите од Вири и оваа година ќе бидат користени само од една екипа. Во минатото французите разговараа за користа од муштериска екипа поради тоа што би имале двојно повеќе болиди на патека што е многу значајно за развојот.

Лорен Роси, Главниот извршен директор на Алпин, откри дека е отворен за соработка со Андрети, но призна дека во моментов е многу тешко изводливо, иако за 2024 година се може да биде “испеглано“.

ние сме секогаш среќни доколку имаме нови екипи во спортот затоа што сметаме дека тоа е добро за формула 1. ако не прашаат за мотори, а ние во тој момент имаме соодветн структура, секако дека ќе им дадеме мотори, но во моментов тоа е невозможно.

сакаме да се фокусираме целосно на нашата екипа за да ги подобриме перформансите. лани беше добро, но не доволно добро, мораме да признаеме. сакаме да се осигураме дека екиапта расне и се сместува каде што треба и поради тоа ни треба сиот фокус.

Минатата година Алпин завршија на 5то место кај конструкторите, а Естебан Окон победи во Унгарија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ