Алпин охрабрени од ланскиот напредок

Извршниот директор на Алпин, Марцин Будковски, верува дека напредокот на тимот минатата година е многу охрабрувачки за сезоната која претстои со целосно новите технички правила.

Алпин немаа константност во 2021 година, но Естебан Окон успеа да победи на Унгарското Гранд При, додека Фернандо Алонсо донесе подиум во Катар, по што тие го победија АлфаТаури во борбата за 5то место кај конструкторите. Французите се свесни дека имаат многу работа да ги стигнат Ферари и Мекларен кои се пред нив, Будвкоски смета дека треба да бидат задоволни и охрабрени од ланскиот напредок.

со оглед на тоа што истиот мотор го возевме последните три години, правилата за шасијата и менувачот беа замрзнати, така што ресурсите ги инвестиравме во подобрување на платофмата од што сме задоволни. ги развивме нашите процеси, го подобривме болидот каде што требаше, ги знаеме нашите бројки, но не знаеме каде сме во однос на конкуренцијата – посочи будковски.

Екипата се ребрендираше во пресрет на минатата сезона и го промени името од Рено во Алпин, а сезонава продолжува реструктуирањето со носење нов кадар. Марцин смета дека промените во позадина почнуваат да се исплатат иако не се видливи.

секако дека сум горд од начинот на кој тимот работи затоа што последните години променивме многу работи кои сега се исплатат. резултатите се видливи, а промените може да се забележат само во фабриката затоа што фокусот беше кон болидот за 2022 година.

кога ќе ја видам фабриката и целата работа која се одвива таму, луѓето кои ги донесовме минатите неколку години, одлично сме подготвени за сезоната која претстои.

Тој смета дкеа неконзистентноста во перформансите и резултатите било нивни главен проблем минатата година, нешто што треба да се отстрани со новите правила сезонава.

покажавме минатата година дека кога ќе имаме можност, знаеме да испорачаме и да донесеме одличен резултат, но имаше и трки каде бевме навистина неконкурентни, а не знам зошто, тоа мора да се реши. многу се работи во фабриката на болидот, на целиот пакет и изгледа ветувачки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ