Алпин сакаат искусен возач, но и Дуан е опција

Во Алпин сакаат искусен возач да седне крај Естебан Окон догодина и да ја пополни празнината од Фернандо Алонсо, иако сериозно гледаат и на одличниот Формула 2 тркач, Џек Дуан.

Тимот од Енстон веќе некое време бара втор возач откако сметаа дека празнината ќе ја пополни Оскар Пиастри, но австралијанецот одби да вози за нив и потпиша за Мекларен. Најсериозен кандидат, ако може да им се верува на медиумите, е Пјер Гасли од АлфаТаури, но Ред Бул, кон кого французинот има договорни обврски, би го пуштиле само доколку најдат начин да го доведат Колтон Херта во Формула 1.

Шансите на американецот Херта да стане дел од најпрестижната тркака серија се премали затоа што нема доволен број ан поени на својата суперлиценца и потребен му е исклучок од ФИА, но на тоа се противат сит еекипи.

Искусни опции за Алпин се Даниел Рикардо кој предвреме го раскина договорот со Мекларен, како и Нико Хулкенберг кој е резерва во Астон Мартин, но и поранешен возач на фабричкиот Рено. Во комбинација се и возачот од Академијата на Алпин, Џек Дуан, како и штитеникот на Мерцедес, Ник де Врис, кој фантастично дебитираше во Монца со Мекларен.

Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, посочи дека приоритет за тимот е возач кој веднаш ќе може да освојува поени наместо млад кој треба да учи.

ни треба возач кој веднаш може да почне да носи опени за тимот, така што ни треба искусен возач кој може да порасне и да се дооформи во тимот, таков возач бара алпин.

отмар шафнауер е на чело на процесот на избор, сите возачи се состануваат и разговараат со него, тој ги анализира опциите, договара тестови, така што веројатно овој процес ќе потрае. сакаме да донесеме вистинска одука и нема потреба да брзаме – посочи првиот човек на компанијата.

Австралијанецот Дуан си ги зголеми шансите за место во фабричката екипа од следната година кога освои пол позиција во Италија. Запрашан да каже дали Џек е во комбинација, Роси одговори:

апсолутно да. тој има одличен тајминг затоа што во мометов неговите перформанси се одлични. д бидм искрен, знаевме дека е многу брз, има сурова брина и талент, но во меѓувреме многу созреа и го покажува то на патеката и надвор од неа. разговорите со него се импресивни, некако сите работи му се средина, направи огромен чекор напред што е одлично.

Но и покрај пофалбите, Лорен смета дека за на некој како Дуан ќе биде многу подобро да мине 1-2 години без притисок од силна екипа во некој помал тим каде ќе може да покаже што знае.

без оглед на неговата вредност, ние сеуште веруваме дека најдобар па за млад возач е да го покаже својот потенцијал во тим каде нема д има голем притисок да испораќа. повеќе би сакал да оштетува предни крила во друга екипа, да наоѓа граници на болидот така затоа што исчекорот од формула 2 до формула 1 е огромен.

така прават сите, така џорџ расел дојде до мерцедес и покрај тоа што ос самито почеток се виде дека е неверојатен талент. така направи и шарл леклер иако не им треба многу време да се прилагодт, таков е и планот за џек.

но, не дека не гледаме серизно на него затоа што формата му е импресивна. сепак, имаме критериуми, а главен е оној кој вели дека возачот треба веднаш да биде подготвен да носи поени и резултати. ни треба некој споосбен крај естебан и не можеме во моментов да дозволиме да развиваме некого.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ