Алпин си дадоа рок за да се борат за титулата

Алпин сакаат да се борат за победи и титули до крајот на 2024 година според Главниот извршен директор на компанијата, Лорен Роси. 

Француската фабричка екипа се вратија на гридот во 2021 година откако Рено се ребрендираше по релативно силна сезона. Естебан Окон им ја донесе првата победа во силното партнерство со Фернандо Алонсо кој има две титули со Рено. 

Сега тие завршија на 5та позиција кај конструкторите со 155 поени што е најмногу до сега за нив од враќањето на гридот како фабричка екипа. 

Во Формула 1 се бориш за победа до крајот на периодот на следните технички правила. Сакаме да победуваме и да ја освоиме титулата До крајот на 2024 или 2025 година се зависи кога ќе престанат да важат правилата. Видовме дека на Мерцедес и Ред Бул им требаа неколку години за да го направат тимот што го сакаат. Ние работиме кон тоа – посочи шефот на компанијата.

Роси верува дека Алпин имаат вистински услови за да напредуваат. 

Мислам дека ги имаме вистинските услови и атмосфера за успех. Сега сите почнуваат да работат од нула под исти правила, Има и ограничен буџет и трошењето е контролирано. 

Роси зборуваше и за подршката од Рено Груп и напредокот на Алпин. Рено Груп нуди подршка и финансии од пет до десет години. Поради тоа Роси се надева дека инженерите од Рено ќе им помогнат на Алпин во анализа на податоците и стратегиите. 

Во Рено Груп имаме научници за machine learning и со нив работиме да направиме напредно ниво на стратегија и анализа на податоци за време на трката. Сите овие работи ќе ни помогнат да напредуваме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ