Алпин ќе бараат компензација од Пиастри

Доколку Оскар Пиастри не потпише договор со Алпин за следната година, од тимот сметаат дека тие имаат право да бараат компензација.

Отмар Шафнауер, шефот на фабричката екипа, човекот кој до минатата сезона беше шеф на Астон Мартин, најави дека Пиастри ќе вози за него, за само по неколку часови австралијанецот да демантира. Се чини дека Оскар има некаков преддоговор за го замени Даниел Рикардо во Мекларен.

имавме договор со пиастри и треба да дознаеме законски во која позиција сме. соопштението го објавивме затоа што сметаме дека имаме потпишан обвзувачки договор, така што треба добро да ја проучиме позицијата во која се наоѓаме.

ако пиастри не е во болидот, а мислам дека ќе биде, јас добив 14 телефонски повици од возачи кои се заинтересирани за возачкото место кое е највредното кое е слободно на гридот. не е ни чудо што ми се јавија толку многу луѓе, а од тие 14 повици кои ги добивме, ќе имаме финални 4 имиња, а пиастри е помеѓу нив – посочи шафнауер.

Тој посочи дека најголем проблем со возачот е тоа што тимот ги испочивуал договорниет обврски, а возачот не.

договорот кој го потпишавме вели дека треба да го поддржиме во неговата кариера кон формула 1 со инвестирање на голем износ на финансии. лани му овозможивме да мине 3.500 километри со формула 1, имавме независни тестови, а ништо од тоа не е ефтино. само моторот на болидот чини 1,7 милиони евра.

потрошивме навистина многу пари да го подготвиме за формула 1 кариера во иднина и ако во иднина тој не е со нас, логично е да бараме компензација. веќе разговаравме со нашите адвокати и тие ни кажаа дека договорот е обврзувачки и дека ни дозволува да го сместиме оскар во болидот како наш тркач догодина.

тој има и опција за 2024 година како и можост да го позајмиме на друга екипа. очекувам поголема лојалност од тимот кој го гаеше и го подготви за формула 1, но оскар тоа не го покажува,

не се работи само за формула 1, но и за човечки инетгритет, но ништо не е готово. тој потпиша лист, документ, кој вели дека ќе направи нешто поинаку, но тоа го нема направено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ