Алпин ќе продолжат со уште повеќе надградби

Откако ги преминаа Мекларен кај конструкторите, Лоран Роси вети дека ќе го задржи протокот на надградби на Алпин додека се обидуваат да го задржат четвртото место.

Во неделата кога двата тима се бореа за најдобри од останатите во шампионатот и двете екипи освоија двојни бодови, Алпин на крајот го надмина Мекларен. Фернандо Алонсо беше шести на трката за Големата Награда на Франција пред Ландо Норис, додека Естебан Окон се опорави од казната од пет секунди за удирањето на Јуки Тсунода за да заврши осми пред Даниел Рикардо на деветто место.

Двата тима влегоа во трката на Пол Рикар изедначени со 81 поен, а Алпин сега има 4 повеќе од Мекларен. Извршниот директор на Алпин, Лорен Роси, вели дека откако ја зазеле позицијата, целта е сега е да се задржат на неа.

Нашата цел е јасна. Мораме да направиме се што можеме за да останеме на четвртото место во шампионатот за конструктори.

Нема да биде лесно, но мора да го продолжиме нашиот тек на надградби и да составиме силни тркачки викенди како што направивме дома во Франција овој викенд и така до крајот на сезоната.

Алпин неодамна претстави ревидирана задна суспензија, како и промени на подот. Се смета дека ажурирањата имаат зголемена потисна сила на болидот, а исто така помагаат да се намали отпорот со помалку оптоварени крила. Како и нивните ривали, Aлпин ќе мора да балансираат надградба на болидот наспроти балансирање на буџетската граница, проблем што многу тимови, вклучително и нив, го истакнаа во последниве недели.

Извршниот директор беше задоволен од тоа како неговите возачи ги менаџираа своите трки, Алонсо го помина Норис во првиот круг, додека Окон не дозволи казната да му влијае на неговата трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ