Алфа Ромео го прекршиле полицискиот час

Алфа Ромео,го прекршиле полицискиот час во петокот вечер на Гран При трката во Канада за да го решат проблемот со електрониката што го спречи Валтери Ботас да постави брзо време во Т2.

Се чини дека Ботас не може да има леснотии во петочните тренинзи оваа сезона, откако финецот не избегна ниту еден викенд без некаков проблем. Во Монтреал имаше проблем со струја.

По солидна Т1, Ботас беше 16ти на временската листа со 27 круга извозени, возачот се надеваше дека ќе го зголеми темпото во второто излегување во денот, но тоа не се случи. Тој имаше проблем со болидот во првиот круг надвор од боксот што го натера да вози назад во својата гаража додека тимот се обидуваше да го поправи. Второто возење заврши речиси исто, Ботас се врати во боксот без постигнато време.

Подоцна Алфа Ромео откри дека се работи за проблем со електрониката што го оставило 32-годишникот заглавен во гаражата. Тимот го прекрши полицискиот час во петокот навечер за да работи на болидот.

Разочарувачки е да се пропушти Т2. Имавме проблем со електрониката и секој пат кога ќе ја намалев брзината, болидот влегуваше во лер. Не можевме да најдеме решение за време на сесијата, па моравме да прекинеме. Се разбира, ќе најдеме решение за тоа, но тоа не е идеално.

Потребни ни се чисти денови на возење и да ги минимизираме проблемите, и знам дека сите во тимот работат напорно колку што можат за тоа. Се надеваме дека ќе успееме да го надоместиме изгубеното време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ