Алфа на уникатен начин се простува од Кими

Алфа Ромео ќе иам посебна и уникатна порака на својот болид на претсојното Абу Даби Гранд При кое ќе биде последно за Кими Раиконен во Формула 1.

Финецот најави годинава дека оваа сезона му е последна во Формула 1, а пораката “Ќе те оставиме на мира“ (“We will leave you alone now“), како потсетување на славнат реченица која ја изговори, ќе биде испишана на неговиот болид.

Славното “Осставете ме на мира“ беше изговорено од Кими во 2012 година додека се тркаше за Лотус во Абу Даби, а тимот му го јавуваше заостатокот на Фернандо Алонсо зад него.

Во моментов Раиконен е најискусен возач во историјата на спортот со фантастични 353 стартови.

Дополнително, Алфа ќе има посебна порака и на болидот на Антонио Џовинаци за кого е исто така последна трка за екипата. На болидот на италијанецот ќе биде испишано “Фала ти за се Антонио“ (“Grazie di tutto, Antonio“).

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ