Алфа работат да ги поправат проблемите на квалификациите

Од Алфа Ромео признаваат дека не се задоволни од своите квалификациски перформанси на најмеките гуми, но се задоволни што проблемите од Монако веќе ги нема и имале далеку подобра трка во Баку.

По силното Шпанско Гранд При каде болидот на тимот од Хинвил беше фантастичен во последниот сектор, очекуваа многу од Монте Карло, но Гранд При викендот низ Кнежевството се покаа катастрофален со квалификации на 12то и 20то место. Сепак, финецот Ботас успеа да се спаси со трка во која стигна на 9то место иако тимот призна дека погрешиле со сетирањето поради малку време минато на патеката.

Следуваше Баku каде исто така има многу бавни кривини, така што тимот се надеваше на многу, но квалификациите повторно беа катастрофални со најбавни времиња во К2. Трката исто така беше лоша, Валтери не успеа да додје до поени и беше многу бавен, додека Жу се откажа поради механички проблеми.

Главниот инженер на тимот, Чеви Пухолар, објасни дека проблемите од Монако се решени, а дека квалификациските маки од Баку треба да се гледаат на поинаков начин. Тимот се мачи да ги загрее доволно добро најмеките гуми на Пирели, така што на Жу и Ботас им е многу тешко да извлечат максимални перформанси.

во монако имавме проблеми, но не истите како во баку. ја променивме конфигурацијата на болидот и видете какви перформанси имавме со жу, а валтери имаше друг проблем, така што потврдувам дека маките од монако повеќе ги немаме – потврди инженерот.

Запрашан да го објасни проблемит со најмеките гуми, тој изјави:

некои екипи успеваат да извлечат повеќе перформанси уште во првиот круг, но за нас тоа беше тешко затоа што во првиот обид повеќе се мачевме. побрзи сме во вториот круг и треба да поработиме на тоа, стигнавме до к2, но сакаме повеќе.

во монтреал не гледам причина зошто да го имаме повторно тој проблем, но проблемите од монако сигурно повеќе нема да ги имаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ