Алфа Ромео и Заубер ќе соработуваат само до крајот на следната година

Алфа Ромео и Заубер ќе ја прекинат својата соработка во Формула 1 на крајот од следната сезона, официјално потврди италијанскиот производител.

Кусо откако германски Ауди објави дека влегува во Формула 1 со својот мотор од 2026 година, но најави дека партнерот за шасија ќе го објавата до крајот на годинава, Заубер и Алфа потврдија дека прекинуваат да работат заедно од 2024 година. Двете компании почнаа да соработуваат во 2018 година, а летово потврдија дека ќе продолжат заедно, но само уште оваа и следната сезона.

алфа ромео потврдува дека партнерстото со заубер моторспорт ќе заврши на крајот на 2023 година. објавивме дека се враќаме во формула 1 ов 2017 година со долгорочен план, а во јули годинава објавивме дека продолжуваме да бидеме партнери со заубер и следната сезона со оглед на ветувачките резултати во првиот дел од првенството како во однос на перформанси така и во однос на маркетинг и позитина соработка.

економскиот и индустриски пресврт на брендот ќе се случи годинава, така што ќе процениме која можност ќе ја избереме од се што имаме пред нас и ќе одлучиме што ќе биде најдобро за нашата долгорочна стратегија во позиционирањ на брендот – велат од алфа ромео.

Минатиот месец, во свое интервју, Жан Филип Императо, Главниот извршен директор на Алфа Ромео, откри дека соработката со Формула 1 екипата е многу успешна. Сеуште не се знае дали италијанците ќе бараат нов партнер ов спортот за во иднина и ќе останат на некој начин дел од гридот, а секако дека Хаас се најичигледен партнер со оглед на соработката која ја има со Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ