Алфа Ромео размислуваат за останување во Ф1

Главниот извршен директор на Алфа Ромео, Жан Филип Импарато, сеуште не е сигурен дека брендот по крајот на оваа година ќе се откаже целосно од Формула 1.

По крајот на оваа тркачка сезона, завршува договорот а брендирање помеѓу италијанците и Формула 1 тимот менаџиран од Заубер.

ќе се разделиме по крајот на годината и мораме да одлучиме во кои моторспорт категории да продолжиме да бидеме присутни. сржта на алфа ромео е моторспортот. во исто време, треба да бидеме реални за економскиот удел на нашите тркачки програми, така што сеуште не сме одлучиле што ќе правиме следно – посочи импарато.

Она во што шефот на компанијата е сгурен е дека нема да купуваат екипа и да прават свој фабрички тим.

не можам ни да замислам толкава инвестиција. со парите кои би ги потрошиле да кпиме екпиа и да инвестираме во нејзиниот раст, можеме да развиваме неколку патнички втомобили. инвестирање на толку многу пари во моторспортот не е наша визија.

Жан Филип откри дека повратот на вложеното во Заубер било 20 пати и поради тоа останување како спонзор во Формула 1 не е исклучено.

ќе разговараме за тоа во јуни, интерно ќе донесеме одлука кон крајот на мај и потоа ќе објавиме или на ле ман или на трката во силверстон. јас го сакам моторспортот и знам дека формула 1 е премиерна класа. исто така, ја сакам историајта на формула 1 каде алфа ромео припаѓа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ