Андрети Глобал инвестира 200 милиони долари во нова фабрика

Андрети Глобал планира да инвестира 200 милиони долари во нова огромна фабрика во Индијана каде планира да се смести компанијата и идните тркачки програми. 

Андрети Глобал е главната компанија на Андрети Аутоспорт која бара да влезе во Формула 1 и со тоа ќе отвори уште 500 работни места за локалната заедница. Идните канцеларии ќе бидат и дом на сите комерцијални активности на компанијата и база за моменталните Индикар програми. 

Ќе додадеме уште еден дел за развој покрај активностите во тимот. Кампусот ќе биде со најмодерна технологија и ќе има одлична работна атмосфера од која корист ќе има тимот, фановите и партнерите. Индијана има важно место во историјата на тркањето и во мојата кариера како возач и сопственик – изјави Мајкл Андрети. 

Среќен сум што главниот град на тркањето ќе биде дом на нашиот тим. Возбудени сме за новите планови. Во последните 20 години работиме да ги прошириме операциите и горд сум на постигнатото. Нашите канцеларии ни служеа добро. Тимот се прошири и заслужуваме подобра околина. 

Во моментов Андрети бара место во Формула 1 но сеуште нема добиено одговор. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ