Астон бараат географско групирање на трките догодина

Астон Мартин побарале 23те трки во 2022 сезона да бидат групирани врз основа на географски локации на земјите домаќини со цел да се намали времето на патување.

Формула 1 повторно ќе се обиде да организира рекордни 23 трки во една сезона, во која за прв пат е вклучено Мајами Гранд При, додека Имола, исто така, се враќа со постојано место на распоред, загарантирано до 2025 година.

Календар од 23 трки секогаш ќе биде предизвик, особено во повеќе ограничен временски период од почетокот на сезоната која е поставена да започне во Март и ќе заврши во Ноември 2022 година, но има некои поголеми глобални патувања меѓу трките.

По Големата награда на Емилија Ромања во Имола на ред ќе биде Мајами, пред да се врати Големата награда на Шпанија по уште еден слободен викенд. Најголемиот предизвик од календарот несомнено ќе бидат тројните трки во Русија, Сингапур и Јапонија.

Отмар Шафнауер откри дека Астон Мартин прашале дали трките можат да се групираат врз основа на нивната локација, со цел да се намали времето на патување на најниско можно ниво.

И додека тоа не мора да се случи, Шафнауер разбира тоа не е толку едноставно да се постигне со оглед на тековната глобална пандемија. Затоа, тој се надева дека идејата ќе се разгледа во иднина.

Ние побаравме географски групирање на трките, но има многу што се зема во предвид при организација на календарот. Не е само толку едноставно да се групираат географски настаните.

Стефано Доменикали и неговиот тим ќе направат се најдобро што може со голем број на трки. Овие денови, еден од големите фактори е сепак КОВИД и некои од размислувањата таму.

Мислам дека некои од локациите се водени од некои земји кои сакаат да бидат подоцна во календарот.

Значи, кога ќе имаат оние видови на ограничувања, мислам дека тие го направиле најдоброто што може со ограничувањата што го имаме денес и се надевам дека тие ограничувања нема да биде и во иднина, а ние ќе може да направиме подобра работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ