Астон Мартин гледа шанса за победа во Мајами

Мајк Крак, тимскиот шеф на Астон Мартин, гледа шанса за Фернандо Алонсо да победи во Мајами и покрај скептицизмот на шпанецот. 

Верстапен имаше проблеми на квалификациите додека Фернандо се квалификуваше на втора позиција зад Перез. Но сепак, Алонсо ги намали своите шанси за победа. 

Мислам дека не ни е цел да победиме посебно по тоа каков викенд имавме. Тешко ќе биде и да сме на подиум, но сега сме во подобра позиција оваа сезона.

Секој круг е подарок за нас и мислам дека тимот ужива во тоа. Ќе се обидам да го стигнам Чеко во првиот свиок бидејќи би сакал да водам неколку кругови. задоволен сум и со петта или седма позиција, Но и подиум би било фантастично. Ќе биде тешка трка – изјави нандо.

Но сепак, Крак цели на победа поради позицијата на Алонсо. 

Гледам можност тука. Старт од прв ред е шанса за победа. Имаме силни конкуренти кои не се напред освен Серхио. Ќе дадеме се од себе за победа.

Немавме лесна прва сесија, Но напредувавме доста. Имаше и две црвени знамиња и не знаеме до каде сме. Никој не извозе долга серија. Трката е долга и можеби некој напредувал, Но мислам дека имаме силен болид и може да очекуваме многу. 

Крак призна дека тимот направил грешка што не му наместил втор сет гуми во К1 и се надевале дека ќе успее да извози како Алонсо со еден сет.

Немаше потреба од ризик, Но мислам дека како тим знаеме каде да пресечеме. тука погрешивме. Можеше да стигне до К3 со друг сет, Но ја научивме лекцијата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ