Ауди може да почне со превземање на Заубер на почеток на следната година

Ауди може да почне да ги купува своите први акции во Заубер на почетокот на следната година како дел од планот за влегување во Формула 1.

Во Петок во Белгија Ауди потврдија дека ќе влезат во тркачката серија како снабдувач со мотори од 2026 година откако и официјално беа потврдени новите правила за агрегатите во текот на летото. Шпекулациите велат дека германците ќе работат партнерски со Заубер кои во моментов се тркаат под брендот Алфа Ромео, но само до крајот на следната сезона.

За време на промоцијата, шефовите на Ауди открија дека до крајот на годината ќе биде познат и нивниот партнер кој ќе ја подготвува шасијата во која ќе се вградува моторот кој самите ќе го произведуваат во фабрика во Германија.

Според моторспорт, првите 25% од акциите на Заубер може да бидат превземени од Ауди уште на почетокот на следната година, а следниот пакет од 50% би се случил на транши се до официјалниот влез на Ауди во спортот, така што сегашниот сопственик Фин Раусинг, сопственикот на Тетра Пак, ќе остане малцински акциониер со 25% во тимот.

По официјалната потврда за влезот на Ауди во Формула 1, Заубер излезе со свое соопштение во кое потврди дека до крајот на следната година ќе трае нивното партнерство со Алфа Ромео, така што јасно е дека трансферот на сопственоста во Заубер ќе почне да се случува догодина.

Прекинот на соработката со Заубер ќе значи и промена на името на тимот кој од 2019 година се трка како Алфа Ромео, а доколку италијанците сакаат да продолжат во тркачката серија, најочигледен партнер е Хас кои исто така имаат широка соработка со Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ