Бен Сулајем: Андрети единствени се пријавија за влез во Ф1

Андрети е единствениот потенцијален нов учесник во Формула 1 кој изразил официјаен интерес до ФИА да се приклучи на гридот, тврди Мохамед Бен Сулајем.

Претседателот на ФИА, Бен Сулајем, на почетокот на месецот на Твитер изјави дека сака да ја истражи можноста за проширување на Ф1 гридот со потенцијалните нови тимови. Наскоро тоа беше проследено со Андрети кои објавија ново партнерство со Џенерал Моторс за да го формираат Андрети Кадилак Рејсинг со цел да се приклучат на Ф1 гридот во иднина.

Плановите на Андрети досега беа проследени со млака реакција од падокот на Ф1, а самата Ф1 излезе со соопштение во кое вели дека има и други помалку видливи страни кои исто така биле заинтересирани да се приклучат на гридот. Зборувајќи за Motorsport.com на релито во Монте Карло за реакцијата на неговиот повик за нови тимови, Бен Сулајем рече:

за нас, тоа е Андрети – појаснувајќи дека тоа е досега единствената заинтересирана екипа.

Бен Сулајем одржа состаноци со шефот на Андрети Глобал, Мајкл Андрети, и неговиот татко, светскиот шампион од 1978 година, Марио, за нивните планови во Ф1 минатата година и изјави јасно дека треба да соработуваат со голем производител на автомобили.

Додека додавањето на ГМ во плановите на Андрети во Ф1 резултираше со одредено охрабрување, со тоа што шефот на Мерцедес, Тото Волф, го истакна како силна изјава, остануваат сомнежите колку американскиот производител на автомобили ќе биде вклучен во Ф1 преку партнерството.

Но, Бен Сулајем откри дека имал добар состанок со претседателот на Џенерал Моторс, Марк Ројс, пред бордот на директори на производителот да даде зелено светло и се запраша како на толку голем бренд може да му се одбие место на гридот.

Како можеме да му кажеме не на голем производител. Зборуваме за САД, имаме три трки таму, тоа е многу здраво за спортот.

Но, јас сум избран да не заработувам пари, јас сум избран да го одржувам мотоспортот, јасно е тоа.

Бен Сулајем беше јасен во својата желба да донесе нови тимови во Ф1, верувајќи дека проширувањето на гридот ќе биде корисно за серијата. Но, останува загриженоста од многу од постојните тимови во врска со влијанието што ќе го имаат тимовите во однос на нивните парични исплати.

Тие би можеле да мислат дека им се одзема парче од тортата – рече Бен Сулајем.

Да, за нив, но што сакаат? Можеби треба да избркаме пет тима, а потоа да имаат повеќе пари?

Сакам да успеат, но да добијат повеќе пари или помалку пари. Мислам дека ограничувањето на трошоците беше ефективно, а ние се обидуваме да го направиме поефективно. Замислете ако имате 145 милиони за секого.

Но, не можам да блокирам производител. Не е во ред да го направам тоа.

Тензиите исто така се зголемија во последниве денови откако Бен Сулајем се сомневаше во шпекулираното вреднување на Ф1 од 20 милијарди долари, за кое тој тврди дека е претерано. Тоа го поттикна раководството на Ф1 да испрати писмо до ФИА во кое го обвинува Бен Сулајем за мешање во комерцијалните права на спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ