Бергер одбил понуди да се врати во Ф1

Поранешниот австриски Ф1 возач, Герхард Бергер, откри дека одбил понуди да се врати на гридот.

Неодамна, поранешниот Ф1 возач, шефот на БМВ и своевремено косопственик на Торо Росо, се повлече од функцијата шеф на германската тркачка серија ДТМ. Тоа поттикна гласини дека тој би можел да го замени Матиа Биното во Ферари или да се приклучи во други тимови по големиот број на промени на шефовските места.

63-годишниот Бергер, сепак, вели дека повлекувањето било едноставно случај на преоценување на неговиот живот.

Изгубив неколку пријатели, Мансур Оџех, Ники Лауда, Диди Матешич и тоа За само неколку години.

Тогаш повеќе не сакав само да работам и да се фокусирам само на парите. Потоа се заразив со Ковид и размислував за тоа уште повеќе – откри австриецот.

Бергер вели дека понудите од Формула 1 сепак се појавиле.

Имаше неколку и сите беа многу интересни. Но, како што реков, тие повеќе не се вклопуваа во моите животни планови.

Би сакал да го однесам мојот шестгодишен син на неговите први картинг трки, а мојот деветгодишен на јавање. Сакам да имам повеќе време за нив.

Ферари го замени тимскиот шеф Биното со Фредерик Васур.

Да ја почекаме новата сезона – рече Бергер на прашањето дали го гледа Васур како добро решение.

Сè уште не можеме да судиме ништо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ