БМВ нема интерес за Ф1

Од германскиот производител БМВ велат дека немаат интерес да влезат во Формула 1 во моментов и покрај тоа што двајца нивни конкуренти, Ауди и Порше, најавиј влез во спортот, но тие сакаа да се фокусираат на својата Ле Ман / Дајтон приграма.

Со финализацијата на ланските подобрени правила за моторите кои треба да важат од 2026 година се зголемува моќта од електромоторите и задолжително ќе биде користењето на еколошки горива, така што тркачката серија стана уште повеќе актуелна. Ауди минатиот месец потврди дека влегува во Формула 1 како производител од 2026 година, а Фолксваген даде зелено светло и Порше да стане дел од серијата, но тие не успејаа да се договорат со Ред Бул.

За враќање во спортот размислуваат и од Хонда кои секако би продолжиле да соработуваат со Ред Бул, а од Милтон Кинс сакаат тоа да биде на Системот аз повраток на енергијата.

Со Мерцедес веќе на гридот, Ауди и Порше од 2026 година, БМВ останува единствениот престижен производител од Германија која не е дел од спортот.

Андреас Рос, шефот на БМВ М Моторспорт, откри дека отсуството од Формула 1 не е проблем за компанијата затоа што баварците немале интерес во моментов да се тркаат во таа серија.

мораме да бидеме реални. во формула 1 има многу големи инвестиции и додека не се вратат, мора да бидете успешни многу долго време. среќни сме со проектите кои во моментов ги имаме во мотосрпортот – откри рос, човекот кој го наследи мајк крак на чело на спортскиот оддел на бмв.

Од 2000 до 2009 година БМВ како производител беше присутен на гридот, најпрво работеа со Вилијамс како доставувачи на мотори пред да направат фабричка екипа од Заубер во 206 година. Тие имаа една победа на Канадското Гранд При во 2008 година пред да се повлечат следната сезона.

Иако се шпекулираше околу враќање на компанијата во Формула 1 како производител, тие се јасни дека се насочени кон Ле Ман Дајтона хибридната програма. Новиот М Хибрид В8 ќе дебитира на ИМСА догодина пред да почне да се трка и во ендјурајс шампионатот и на Ле Ман.

веќе сме целосно насочени кон електрификација и трансформација кон истата, а лмдх проектот совршено се вклопува во тоа, но и формула 1 од 2026 година оди кон таа насока. за нас е вистински да се насочиме кон лмдх во моментов – дополни рос.

Франк ван Меел, Главниот извршен директор на БМВ М Моторспорт, ја познава маркетиншката вредност на Формула 1, но посочи и дека тие не се тркаат само за маркетинг.

сакаме да засужиме да бидеме во некоја серија и да работиме на развојот на истата. поради тоа лмдх е поважно за нас од формула 1 во моментов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ