Кубица жали што не освоил титула во 2008

Полјакот Роберт Кубица изјави дека му е жал што не успеал да ја освои шампионската титула во 2008 година бидејќи БМВ решиле да го прекинат развојот на болидот. 

Кубица беше водечки во шампионатот откако победи во Канада, но БМВ одлучија да го свртат фокусот на наредната сезона, година во која требаше да се претстави КЕРС системот, а нивниот болид потоа ја загуби борбата со Мекларен и Ферари. Тој заврши на само три подиуми до крајот на сезоната и заврши 23 поени зад Луис Хамилтон. 

Наредната година БМВ не беа конкурентни и се откажаа од Формула 1. 

Го имам истото мислење како и тогаш бидејќи се најдовме во ситуација во која можевме да се бориме за титулата. Немавме најбрз болид, но не секогаш најбрзиот ја освојува титулата.

Сите прават грешки и понекогаш може да бидеш водечки. Мора да се искористат шансите и пред некое време зборував со механичарите кои исто како и мене жалат по пропуштената шанса – се присети кубица.

Полјакот остана во борба за титулата на три трки до крајот. 

Во трките не доминира еден. Ферари и Мекларен беа посилни од нас на некои патеки, но имаа проблеми. Ние водевме и останавме во борбата доволно долго без најбрз болид.

Се сеќавам во Фиџи бевме шести. Немавме перформанси, Водев еден круг и завршив на втора позиција. Жалам по некои работи, но има многу талентирани возачи кои не ја добиле својата шанса. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ