Бројот 19 на Хубер повлечен, тимовите ќе му оддадат почит викендов

Формула 1 екипите ќе работат заедно со своите колеги од Формула 1 викендов за да му оддадат почит на прерано и трагично загинатиот Антоан Хубер кој го загуби животот на ланското издание на Формула 2 трката на Спа.

Французинот беше штитеник на Рено и го трасираше својот пат до Формула 1, но го загуби животот на 22 година во многу бизарна несреќа.

Формула 2 веќе го повлече бројот 19 на Хубер, број кој никој повеќе нема да смее да го користи на својот болид во таа тркачка серија. Изработен е посебен амблем кој ќе го имаат сите болиди од Формула 1, преку Формула 2 до Формула 3.

едноминутна тишина ќе биде воведена на гридот пред стартот на неделната трка во Формула 2 со цел да се оддаде почи на антоан и да се покаже на неговото семејство и оние кои го сакаа голема поддршка. во недела во пресрет на формула 1 трката исто така ќе има едноминутно молчење – гласи соопштението од организаторите на гранд при викендот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ