Будковски: Алпин пред клучната зима

Извршниот директор на Алпин, Марцин Будковски, смета дека француската фабричка екипа е пред најважната зимска пауза од враќањето на Рено на Формула 1 гридот со фабричка екипа во 2016 година

Французите ја остварија својата цел сезонава, а тоа беше да завршат во првите 5 кај конструкторите, дури ги надминаа и очекувањата со победа на трка, онаа во Унгарија, која им ја донесе и Естебан Окон. Будковски вели дека следние шест недели ќе бидат клучни за иднината на тимот затоа што подготовките за целосно новиот болид се во полн ек.

Будковски, кој во моментов има функција на Извршен директор, сака тимот целосно да се фокусира на работата, а не на шпекулациит ео врска со доаѓањето на Отмар Шафнауер во екипата или заминувањето на Давиде Бривио назад во МотоГП.

се случуваат куп работи за следната година и веројатно ова најважна зима за овој тим од враќањето на рено на гридот. ќе биде прв болид кој го имаме дизајнирано со ограничен буџет, иако работиме со трошоци помали од ограничувањето и тоа нема да ни смета за разлика од најсилните екипи.

тоа ни дава подобра платформа за да бидеме во подобра позиција. буквално ресетиравме одредени области од екипата кои сега работат могу подобро и возбуден сум поради тоа. мислам дека во моментов треба целосн да бидеме посветени на екипата. мојата улога како дел од врвниот менаџмет е да го штитам тимот од сите шпекулации.

искрено, она за што сакам да разговараат луѓето во фабриката кога пијат кафе е како да го направат болидот побрз, а не кој ќе биде нов шеф на тимот – посочи полјаскот.

Следната година нема да има промена кај возачите на Алпин, Окон има повеќегодишен договор со екипата, а Алонсо има уште една сезона од првичниот договор да одработи. Дополнително, Формула 2 првакот, Оскар Пиастри ќе биде официјаен резервен возач на тимот со надеж дека во 2023 година ќе добие и место за трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ