Будковски презадоволен од трките на Алонсо

Извршниот директор на Алпин, Марцин Будковски, откри дека тимот од Енстон е импресиониран и презадоволен од трките на Фернандо Алонсо во првата половина од сезоната.

Шпанецот беше Возач на денот во Унгарија кога успеа 10-тина кругови да го држи зад себе Луис Хамилтон и неговиот моќен Мерцедес и на тој начин му помогна на својот колега, Естебан Окон, да триумфира. Но, последната трка не беше единствена која Алонсо ги изненади сите, затоа што во Алпин редовно се презадоволни од тоа како двократниот првак одработува за нив.

сум работел со многу возачи во моите 20 години во формула 1 и импресиониран сум од алонсо, неговиот пристап кој е страшно многу професионален. друга работа која буквално ме мрднува се неговит етркачки вештини. како што видовме за време на спринт трката во силверстон и на трката во баку, имаше делови кога покажа класа.

тоа што фернандо го направи на силверстон беше фомирање на дрс воз зад себе затоа што не се плашеше од строл нити од гасли и можни напади од нив. за мене тоа беше лудо затоа што седејќи во боксот, ние ги имавме сите податоци за трката.

седи во болидот и вози под полна гас и ги има речиси истите податоци и знаења како и ние во боксот и точно знае во кој момент што треба да направи. тоа ме импресионира кај него, веројатно 20 години искуство во формула 1 го даваат тоа.

Неодамна Фернандо изјави дека неговите 20 години во спортот го направиле подобар возач и дека во моментов може да го победи “Фернандо на 23 години“ со една рака. Будковски приметил дека Нандо сеуште е гладен и амбициозен како и секогаш и верува дека ќе остане во Формула 1 и во иднина.

колку долго ќе остане во формула 1 е нешто што само тој го знае, но не гледам дека се чувствува како да му е време да престане. гладен е и нетрпелив за следната година. секогаш кога е во фабриката прашува за новиот болид.

се гледа дека ужива и задоволен е што се врати во формула 1, но јасно е дека е амбициозен како и ние и сака повеќе и подобро. затоа работиме напорно за следниот болид, да му дадеме конкурентен пакет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ