Вандорн свесен дека никогаш повеќе нема да се трка во Ф1

Новокрунисаниот Формула Е шампион, Стофел Вандорн, не верува дека повторно во својата кариера ќе добие шанса да се трка во Формула 1 и инсистира дека иднината на моторспортот се електричните тркачки серии.

Белгиецот мина две години во Формула 1 тркајчи се за Мекларен во 2017 и 2018 година крај Фернандо Алонсо. Потоа следуваше отпуштање на белгиецот од тимот иако своевремено тој беше еден од најголемите тркачки таленти.

Следуваше трансфер на Стоф во Мерцедес како резервист во Формула 1, а потоа и возач на фабричкиот ХВА Рејслаб Формула Е тим кој прерасна во Мерцедес на крајот од 2019 година. Во својата 4та година во електричната серија која заврши минатиот викенд во Кореа, тој стигна до наслов за себе и донесе втора последователна конструкторска титула за Мерцедес.

“Сребрените стрели“ ја продадоа својата Формула Е екипа на Мекларен, но Вандорн не е дел од плановите на “портокаловите“.

возев формула 1 две години во 2017 и 2018 година, но мислам дека никогаш повеќе нема да возам во најсилната моторспорт тркачка серија, иако во овој спорт никогаш не треба да се вели никогаш, може д асе случат луди работи и се е можно.

не дека чувствувам некоја огромна потреба да се вратам во формула 1, имав одлична можност во формула е и ја искористив освојувајќи титула. секако дека таа соработка доаѓа до крајот, но ставив јасно до знаење што можам да направам во таа серија. ќе видиме каде ќе ме однесе кариерата и на што ќе се фокусирам во иднина – изјави стофел.

Вандорн призна дека би сакал да ја брани својата Формула Е титула со МЕрцедес наместо да стане дел од друга екипа.

секако дека е штета што мерцедес ќе ја напушти формула е, јас би сакал да бранам титула со нив. кога станав дел од тимот се надевав надолга соработка, но се има свој крај и јас треба да продолжам со кариерата.

за среќа, сите знаеја за одлуката на мерцедес уште лани и никој не беше изненаден. им дадоа можност на сите да си одлучат што ќе прават во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ