Вандорн ќе биде резерва во Пежо ВЕЦ тимот

Актуелниот Формула Е првак, белгиецот Стофел Вандорн, ќе биде резервен возач на Пежо во својата прва сезона во Ендјуранс серијата годинава.

Објавата дојде откако тој ја напушти екипата на Мерцедес во електричната тркачка серија откако стана првак лани и премина во ДС Пенски, дел од Стелантис групацијата во која член е и Пежо. 30-годишникот го превзема местото на Џејмс Роситер кој го напушти тимот за да стане шеф на Масерати во иста тракачка серија.

Стофел доби шанса да го вози Пежо 9X8 моделот на постсезонскиот тест во Бахреин лани, но следуваше хируршка интервенција на слепо црево и не можеше да вози на тестот. Годинава веќе одработе една трка во Формула Е во Мексико Сити.

Со последната улога како резерва во ВЕЦ, тој ќе има работа во три тркачки серии годинава, затоа што освен Формула Е и ендјуранс, официјална резерва е и во Астон Мартин крај Фелипе Другович.

мислам дека преограмата која ја иам совршено е прилагодена и поделена помеѓу ендјуранс, Формула Е и Формула 1. одлично е да се биде дел од развојниот тим на хипер автомобилот 9X8 од пежо затоа што се работи за посебен концепт за кој сите зборуваат. може да имаме одлична заедничка иднина – посочи стоф.

Сезонава ќе биде прва цела година за францускиот производител во серијата на издржливост откако се приклучија на истата на средина на минатата година.

Нивните редовни возачи сезонава се исти како и ланските, возилото со број 93 ќе го возат Пол ди Реста, Микел Јенсен и Жан Ерик Верн додека другиот автомобил број 94 ќе го управуваат Лоик Дувал, Гоставо Мензес и Нико Мулер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ