Вандорн: Помина мојата шанса во Ф1

По поминати две години во Формула 1, Стофел Вандорн ја заврши неговата кариера во Ф1 и премина во Формула Е. 

Откако премина во Формула Е тој ја освои титулата во сезоната 2021/2022. Неговиот колега од тимот Ник де Врис сега влезе во Формула 1 и Вандорн смета дека неговата шанса поминала. 

Тешко е да се суди. Имав добра сезона и луѓето зборуваа за мене. Ја имав мојата шанса во Формула 1 и мислам дека има доста возачи во падокот во Формула Е кои заслужуваат место во Формула 1. Но не е секогаш до мене. Од моја страна е најдобро да си одличен на патеката. 

Покрај Формула Е тој е и резервен возач на Астон Мартин. 

Очигледно не сум возел нов болид на Формула 1 во последно време и работите доста се променети. Но редовно сум во симулатори и можам да се навикнам. Ми личи природно да возам во Ф1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ