Варвик се поубеден дека Британското ГП ќе се одложи

Дерек Вaрвик, поранешниот Претседател на БРДЦ кои се сопственици на историскиот Автодром Силверстон е се поубеден дека годинешното Гранд При на славната патека ќе се одложи, но автодромот ќе преживее и без таа трка.

Настанот е закажан за 19 Јули, но Ковид-19 пандемијата предизвика откажување на првите 9 трки од календарот, така што во моментов никој не може да каже кога сезоната во Формула 1 ќе започне.

Ваврик сепак верува дека и со одложена трка, Силверстон ќе може да преживее финансиски и покрај тоа што се работи за трката која привлече најмногу гледачи лани.

како член на брдц јас сум полн со пофалби за бордот и оперативниот иректор стјуард прингл кои прават одлична работа. кога бев јас во бордот и бев претседател, навистина им се восхитував на луѓето со кои работев.

ќе биде тешко за силверстон ако трката се откаже, а во моментов по се изгледа дека ситуацијата во светот нема да се среди до средината на јули, така што одложувањето мислам дека е следи набрзо – смета варвик.

Неофицијалното тениско светско првенство во Вимблдон требаше да се оддржи од 29 Јуни, но истото е веќе од поодамна одложено.

секако дека откажување на трката ќе биде финансиски неповолно затоа што немаме осиурување против пандемија на вирус, ќе има загуба, но колкава ќе биде истата навистина не можам да кажам.

доколку ова се случеше пред 5-10 години брдц немаше да може да се справи со таков удар, но од тогаш клубот навистина многу се подобри, апсолутно многу. имаме готовина во банка и правиме одлична работа, но никој не сака оваа криза да трае предолго. ако не можеме да ја презакажеме трката во некој иден датум, тоа ќе значи дека нема да мораме да ги враќаме сите пари од влезниците.

Оперативниот шеф на Формула 1, Рос Браун, најави трки без публика и возење на различни конфигурации од иста патека, а Варвик верува дека Прингл веќе разговарал со официјалните лица на Формула 1.

не знам дали ќе биде возможно нешто такво. ако возиме без публика сигурен сум дека за такво нешто веќе се разговарало и се направени пресметки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ