Силверстон ќе прави промени за да ја приближи трката до фановите

Легендарната патека ќе прави измени за фановите да бидат поблизу до целата акција на правецот Велингтон. 

Трката во голем дел е распродадена за наредната година и останати се само некои билети близу до трката. 

Фан зоната на правецот Велингтон ќе биде поместена 15 метри поблизу до патеката со што фановите ќе може одблизу да уживаат во трките. 

Ова е можно со монтирање на посебни мрежи од швајцарската компанија Геобруг. 

Тоа е целосно хомологиран систем од ФИА и ФИМ. Поради брзината на правците мора да се осигураме дека нема да има проблеми и затоа го местиме овој систем. Сакаме да им овозможиме најдобро искуство и поглед на фановите – изјави менаџерот на Силверстон.

Целиот развој се прави со помош на Дромо дизајн кој направија многу симулации за да се провери безбедноста. 

Се одлучивме да го користиме овој систем бидејќи е одобрен од ФИА и лесно се инсталира – изјави извршниот директор Јарно Зафирели.

Се очекува работите да завршат до Божиќ пред стартот на новата сезона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ