Вебер: Алонсо може да биде опасен наредната година

Марк Вебер смета дека Фернандо Алонсо може дефинитивно да биде движечка сила наредната година. 

Двократниот шампион се врати оваа година во Формула 1 со фабричкиот тим на Алпин, очекувајќи ги новите правила со кои би сакал да оди понапред на гридот. Вебер не е сигурен дека Алонсо може да им ги помати сметките на Хамилтон и Верстапен на квалификациите, но сепак на трка би можел да им конкурира. 

Фернандо вози добро, Но ги нема тие две десетинки за да се доближи до Макс и Луис.

Има знаење и знае што треба да направи на трка. Тој е неверојатен, Како магионичар е. Стартот и начинот на кој го позициниора болидот во првиот сектор се одлични.

Доколку ги погледнеме снимките може да воочиме дека секогаш гледа на страна и бара начин да престаса. Тој не е возач кој може два часа да го гледате во ретровизор.

Беше интересно кога зборувавме со Култхард и Алонсо. Тој никогаш немал нечиста борба за позиција, Тука е само инцидентот со Гутиерез во Мелбурн, Но тој нема други инциденти. Култхард го потсети за ситуацијата на Нурбургринг каде тој подоцна почна да сопира и удри во него на што Алонсо одговори дека всушност Култхард прерано кочел.

Го видовме и Луис во Будимпешта каде не успеваше да го престаса. Тој цело време менува нешто и го држи истиот ритам. Ќе видиме како ќе биде со новиот болид. Има многу отворени прашања за наредната година, но мислам дека ќе биде фасцинантна. Доколку е ракета ќе биде опасен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ