Мазепин го загуби спорот околу превземањето на Форс Индија

Случајот отворен од страна на Уралкали и Дмитри Мазепин против администраторите на Форс Индија пред високиот суд во Лондон беше отфрлен, но руската хемиска компанија не се откажува од процесот и најави дека ќе ја обжали одлуката. 

Таткото на идниот возач на Хаас, Никита, беше еден од кандидатите за купување на Форс Индија тимот кој влезе во администрација во јули 2018 година и тој верува дека имал најдобра понуда. На крајот, тимот беше продаден на конзорциумот воден од Ленс Строл кој го поведе тимот под ново име во целосна согласност со ФИА и Формула 1. 

Уралкали се незадоволни од начинот на кој е воден процесот на продажба. Тие тврдат дека администраторот ФРП не ја сфатил потребата од избор на најдобра понуда и не ги ставил на исто ниво сите понуди. Случајот се разгледуваше седум дена во Ноември и беа отфрлени сите тврдења на Уралкали. 

Мазепин не се појави како сведок, а компанијата беше претставувана од директорот Пол Остлинг. Во пресудата, судијата објаснува дека клучните фигури не се појавиле на суд и тоа не му помогнало на случајот на Уралкали. 

Иако Уралкали се незадоволни од одлуката на судот, задовони сме од бројот на потврдени изјави и фактот дека понудата на Уралкали е најголема и победничка. Ние ќе продолжиме да ја обжалуваме одлуката која ни беше дадена и да ги заштитиме правата според правните процедури – велат од рускиот хемиски гигант, најголем светски производител на вештачко ѓубриво.

Компанијата која беше назначена за администратор, ФРП Адвајзори, е задоволна од одлуката. 

Судијата целосно ги отфрли тврдењата на Уралкали и потврди дека продажбата е фер. Пресудата потврди дека ние целосно сме ги исполниле нашите должности ефективно и професионално. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ