Во Рејсинг Поинт сметаат дека копирањето им се исплатело

Рејсинг Поинт ја следеа аеродинамичката философија на Мерцедес оваа тркачка сезона и сметаат дека таквиот пристап им се исплател.

На предсезонските тестови сите видоа дека РП20 креацијата на екипата од Силверстон многу потсетува на Мерцедес В10, шампионскиот болид на “сребрените стрели“ од 2019 година, така што протестите на конкурентите беа силни.

ФИА на крајот реши да го забрани обратниот инженеринг каде се копираат болидите и решенијата на екипите преку слики, а отворите за ладење на задните сопирачки на РП20 беа прогласени за копија на Мерцедесовите, но тимот доби дозвола да продолжи да ги користи иако беше казнет со одземање на 15 поени и 400.000 евра.

Отмар Шафнауер, тимскиот шеф на “розевите“ откри дека долго време сакале да го променат својот аеродинамички концепт и да ги користат решенијата на Мерцедес, но минатата 2020 година тоа било финансиски возможно.

сите на гридот, освен мерцедес, користат аеродинамичка конфигурација со висок рејк, односно низок преден и висок заден дел, вклучително и ние.

секогаш сакавме д имаме низок рејк, но немавме финансии за толку голем редизајн. секогаш пренесувавме голем број на делови кон следната година затоа што не можевме да си дозволме се да биде ново. толку голема промена на аеродинамичката конфигурација беше голем ризик и финансиси проблем.

2020 година беше прва во која имавме финансии и рековме ајде да користиме аеродинамичка конфигурација со низок рејк затоа што менувачот од мерцедес кој го користиме е дизајниран токму за тоа. секогаш бевме свесни оти заостануваме затоа што менувачот не се вклопуваше во нашата аеродинамика.

стабилноста во задниот дел од болидот е нешто на што возачите секогаш се жалеа дека имаат потешкотии со контролата, така што лани направивме два чекори назад, за д направиме еден голем напред. во исто време бевме свесни дека имаме кус период од сами една година за да одработиме се.

беше голем ризик, но јас уживам во превземање ризик и се виде дека во предсезоната одлично одработевме и имавме многу конкурентен болид. ризикувавме и ни се исплатеше, но сите не напаѓаа и не разбираа што сме направиле. дизајниравме и развивме пакет со кој ризикувавме и тоа е се. имавме добра сезона – објасни американскиот шеф на тимот.

Рејсинг Поинт ја завршија сезоната на 4то место кај конструкторите откако беа минати од Мекларен за 3то место на последната трка во Абу Даби.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ