Во Сао Паоло се подготвени да платат за Ф1

Организаторите и промотерите на Големата награда на Бразил се подготвени да платат само за трката да остане во Интерлагос.

Од почетокот на годината трката е под знак прашалник по контроверзната изјава на Претседателот Жаир Болсонаро кој откри дека Рио де Жанеиро има 99% шанса да се врати на гридот откако таму ќе биде изградена ултра модерна патека.

Во прилог на преместување на трката во поголемиот Рио оди и фактот што во моментов Сао Паоло е една од ретките трки кои не плаќаат никаква сума на Либерти Медиа за организација на настанот.

следниот договор што ќе го потпишеме секако дека ќе содржи сума која ќе треба да ја платиме на формула 1 – изјави градоначалникот на сао паоло, жоао дориа за италијанска La Gazzetta dello Sport.

За време на викендот, промотерот на трката, Тамас Рохолни, откри дека ќе има клучен состанок со Чејс Кери на кој треба да се добие нов 10-годишен договор за трката.

ќе имаме состанок со либерти медиа, чејс кери и тамас рохолни и претставници на општината. тоа што е до нас, републиката и општината, формула 1 може слободно да продолжи во интерлагос и следните 10 години.

ние имаме подготвен предлог од наша страна како дел од стратегијата на владата во сао паоло да привлече меѓународни туристи. веќе разговараме за финансиските детали со либерти медиа – дополни градоначалникот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ