Во Силверстон сакаат да организираат повеќе трки

Силверстон нема проблем со организација на повеќе Формула 1 Гранд При трки оваа година за и помогне на тркачката серија да го исполни календарот, а размислуваат и  за трка во која патеката би се возела во обратен правец од вообичаено.

Поради пандемијата со корона вирусот, челниците на спортот заедно со ФИА секојдневно разгледуваат опции за почеток на сезоната и сместување на одложените трки во неој момент од годината. Се разгледуваа и опции на возење повеќе трки на една патека доколку на тој начин би се дошло до потребниот број трки.

Од легендарниот британски автодром веќе потврдија дека ќе почекаат до крајот на Април пред да донесат одлука дали трката ќе ја организираат на првично закажаниот датум на 19 Јули. Стјуард Прингл, опертивниот шеф на Силверстон, најави дека се подготвени да направат се што е во нивна моќ за да и помогнаат на Формула 1.

се што можам да направам е да им кажам на сите во формула 1 дека сме целосно подготвени да соработуваме со нив на секој начин и форма која тие сметаат дека е во најдобар интерес на првенството. најголем дел од екипите се блиску до автодромот и оперативно ќе биде многу полесно и поефтино да организираме повеќе трки овдека. имаме фиксна инфрааструктура, а најголем дел персоналот може да преспие дома по трките.

ако н атој начин и помагаме на формула 1, повеќе од среќни и задоволни ќе бидеме да го овозможие тоа. ќе направиме се што ќе биде побарано од нас – најави прингл.

Запрашан дали ќе бидат во можност за евентуална трка да се постави за возење речиси 6-километарската патека во обратен правец, тој најави дека имаат дозвола за тоа и истото би било лесно изводливо.

тоа не е воопшто наивна идеја. се е ставено на маса и за се може да се дискутура, но ајде да почекаме до крајо на април да видиме каква ќе биде ситуацијата.

во моментов е многу тешко за формула 1 затоа што не ја следат само британија туку и целиот свет каде се возат нивните трки и каде имаат потпишани договори кои треба да ги испочитуваат.

Годинава откажано е и неофицијалното тениски светско првенство, турнирот на трева во Вимблдон, кој требаше да се одржи една недела пред Гранд При трката на Силверстон. Прингл сепак настојнува дека тие може да си дозволат да почекаат пред да донесат финална одлука и целосно да ја проценат ситуацијата.

силверстон е една трка од календарот, а нашите колега рбаотат напорно за да ги состават сите делови од сложувалката и да исполнат сезона со трки многу подоцна од првичниот план.

имаше многу откажувањ аи одложувања и формула 1 се обидува да скрои календар земајќи во предвид се што се случува. важно е да комплетираат сезона со тркање за да фановите го добијат тоа што го заслужуваат.

ние имаме постојан и фиксен автодром и исто таква инфраструктура, но и многу искусен тим кој знае како се работи, а и формула 1 знае што можеме. можеме да си дозволим да го почекаме крајот на април и да донесеме одлука тогаш.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ