Враќањето на Алфа Ромео: Заубер Ц37

Ребрендираниот Алфа Ромео Заубер Формула 1 тим го откри својот Ц37 болид за 2018 година. Во текот на минатата сезона швајцарската екипа потврди партнерство со Групацијата Фиат Крајслер по што легендарната Алфа Ромео стана нивни главен спонзор и технички партнер.

Екипата ја напушти својата првенствено сина боја на шасијата и во иднина ќе гледано бело црвено обоен болид, исто како што беше и при промоцијата на новото партнерство во Милано во Декември.

Тимот во 2016 година беше превземен од страна на шведски инвеститори, но перформансите не се подобрија и лани тие завршија на последно место во поредокот, за прв пат во нивната историја. За оваа сезона Заубер објави дека склучиле спонзорски договори и со Ричард Мил, Кларо, Каппа и Карера.

Целта е да се стигне во горниот дел од средината на поредокот и поради тоа е донесен ултра талентираниот Формула 2 првак, Шарл Леклер, кој ќе му биде партнер на Маркус Ериксон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ