Гасли емотивен пред зборувањето со АлфаТаури

Пјер Гасли има голема надеж од својата иднина во Формула 1 со Алпин, но во исто време е и многу емотивен од фактот што ќе го напушти АлфаТаури и семејството на Ред Бул на крајот од оваа сезона.

Откако влезе во најпрестижната тркачка серија на светот во 2017 година тој беше речиси цело време во Торо Росо односно АлфаТаури, со исклучок на половина сезона во Ред Бул, комплетирајќи 59 трки и триумфирајќи во Монца пред две години.

Низ годините изградил многу близок однос со сите во Фаенца кои вели дека му се како семејство што ќе мора да го напушти годинава.

искрено станувам многу емотивен. возбуден сум за се што носи иднината, гледам големо можности пред себе во рабтата со производител како алпин следејќи што се прават минатите неколку години, така што сум убеден дека ќе стигнеме до поставените цели.

од друга страна, алфатаури ми се како семејство, сегкоаш ми било како дома во фаенца и живеам многу блиску. екипата е помала и секој механичар и инженер ми станува пријател, така што пораснав и се развив со нив.

јасно е дека ќе бидам многу емотивен што ќе морам да го напуштам тимот, но согласно моите амбиции и тоа што сакам да го постигнам во формула 1, сега е вистинско време да одберам друга насока. последните трки ќе бидат многу емотивни, а врвот ќе биде во абу даби – посочи 26-годишниот французин.

Иако ќе остави многу зад себе, тој е убеден дека оди на подобро и дека ќе може многу да покаже како замена за Фернандо Алонсо во француската фабричка екипа.

чувствував дека промена ми е потребна затоа што сум неколку години дел од алфатаури и придонесов многу за сите успеси на екипата последнит енеколку години и дадов се што можам да дадам. на крајот на денот, јас сакам да се борам за врвот.

момците со кои се тркав низ мојата кариера веќе се борат за предниот дел од гридот, макс освојува титули, шарл му е најголема конкуренција, џорџ вози за фабричкиот мерцедес и е многу силен, ландо норис исто така доаѓа до подиуми, така што и јас сакам да сум до нив и сакам да се борам против нив секој викенд.

алпин е одличен чекор напред за мене следејќи го нивниот развој и начинот на кој работат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ