Гасли за казната во САД: Не се правев паметен

Пјер Гасли доби казна втор тркачки викенд по ред на Големата Награда на Соединетите Држави, а казната во Остин беше поврзана со прекршок за време на безбедносно возило.

Возачот на АлфаТаури сподели свое мислење за тоа што се случило. Откако му беше изречена казна за возење низ боксот, која беше претворена во дополнителни 20 секунди додадени на неговото време на трка две недели претходно на Јапонското ГП поради брзо возење под црвено знаме, Гасли повторно се најде во проблематична ситуација со стјуардите.

Во оваа прилика, се сметаше дека возачот на АлфаТаури заостанал повеќе од 10 должини на болидот зад безбедносното возило, за што му беше изречена казна од пет секунди. Сепак, работите отидоа од лошо на полошо за Гасли кога му беше изречена казна од 10 секунди поради тоа што не ја одработи првичната казна правилно. Му беа доделени и казнени поени на неговата супер лиценца, со што вкупниот број поени достигна девет.

Откако ја започна трката од 11то место, Гасли на крајот заврши во 13та позиција. Французинот уживал во битката со возачите како Ландо Норис, пред неговата казна да го примора да падне назад на гридот.

Се борев со Ландо и Во тој момент се беше одлично. Треба да го прегледам инцидентот со безбедносното возило, но не се обидував да се правам паметен. Ова беше само уште еден викенд, уште една казна – посочи гасли.

Додека тој вели дека не бил свесен дека направил нешто лошо во тоа време, французинот ја прифаќа казната што му била изречена.

Ако тие одлучат нешто, тогаш само треба да го прифатите тоа. Но, бев вклучен во многу слични трки и не се обидував да направам ништо паметно. На крајот на денот, јас сум виновен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ