Гасли имал одлично чувство во Алпин

Пјер Гасли го имаше своето деби во болидот на Алпин и имал одлично чувство возејќи го овогодинешниот болид на француската фабричка екипа откако направи трансфер од АлфаТаури. 

На тестот тој имаше време побавно за само 4 десетинки од Карлос Саинз од Ферари, но сепак, тој изврте 130 кругови што е трета најголема километража во денот. 

Имав фантастично чувство да возам во А522 за прв пат и тоа е импресивен болид. Целта ми беше да се запознаам и да извозам неколку кругови.

Со нетрпение чекам да одам во Вири и Енстон за состанок по тестот пред да работиме на нашите цели со Естебан за наредната година – возбуден е французинот.

Спортскиот директор на Алпин, Алан Перман, ја потенцираше важноста на тестот како подготовка за наредната година. 

Беше одлично што го имавме Пјер во болидот за прв пат и тоа е важно за подготовките за наредната година. Имаме три дена предсезонски тест следната сезона и важно е да се заврши се до тогаш.

Денеска Пјер имаше цел да го запознае тимот и да ги разбере гумите за нареданта година. Тој е врвен возач и заврши одлична работа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ