Гасли и Жу добија предупредување

Пјер Гасли од АлфаТаури и Гуанју Жу од Алфа Ромео добија предупредувања од стујардите поради неследењето на инструкциите од директорот на трката за време на квалификациите во Канада. 

Двајцата влегоа во К3 за прв пат во кариерата, но лошо се вратија на патеката откако излетаа во 9от свиок. Тие требаше да се вратат на патеката од лева страна на портокаловото столбче на крајот на свиокот, но не успеаа да го направат тоа. 

Жу кај стујардите изјави дека излетал поради влажните услови на патеката и поради тоа не можел да се врати на патеката но стујардите не го прифатија објаснувањето и му го дадоа првото предупредување оваа сезона. 

Гасли се пожали дека имал проблеми со сопирачките но прифати дека ги прекршил правилата и го доби второто предупредување оваа сезона. 

Според правилата со пет предупредувања се добива казна од 10 места поназад на гридот.  Леклер, Саинз и Албон беа под истрага за непотребно возење бавно но поминаа без каазна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ