Гасли очекува Алпин да напредува во поредокот

Беше солиден викенд за Алпин на Шпанското ГП, oткако Пјер Гасли го постигна својот најдобар квалификациски резултат досега за тимот и покрај тоа што доби грид казна.

Французинот очекува напредокот на тимот да продолжи. Гасли предвидува дека Алпин ќе се бори во првите пет наскоро по нивното темпо во текот на викендот за Големата Награда на Шпанија во Формула 1.

Французинот го забележа својот најдобар квалификациски резултат досега за тимот со освојување на 4та позиција, иако подоцна беше симнат на 10то место на гридот поради две казни за одделни инциденти со попречување.

Иако Гасли не можеше да напредува од оваа позиција на трката, тој се чувствува позитивно за севкупните перформанси на болидот на патеката Каталуња.

Она за што сум среќен е темпото што го покажавме на квалификациите, а исто така и на трката.

Јасно мислам дека кога сме сами на патеката, имаме темпо во пакетот и очекувам наскоро да се бориме во првите пет.

Гасли верува дека Алпин имал темпо да заврши пред Астон Мартин во Барселона, оставајќи го охрабрен во однос на тоа што тимот може да постигне во иднина.

Дефинитивно направивме чекор напред – објасни тој.

Треба да се бориме за да ја добиеме таа конзистентност и да покажеме дека сме способни да го одржиме тоа темпо без разлика на патеките на кои одиме.

Но, мислам дека го направивме тоа во квалификациите и во трката имаше јасни знаци дека темпото беше таму.

Алпин во моментов се на петто место во шампионатот за конструктори со 40 поени, но се соочуваат со негатива од 60 поени во однос на четвртопласираниот Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ