Гасли презадоволен од вечерата со Џордан

Пјер Гасли засекогаш ќе ја памти вечерата која ја имал со Мајкл Џордан во Мајами овој викенд. 

Еден од спонзорите на АлфаТаури ја организираше вечерата со поранешната ѕвезда на Чикаго Булс и најдобриот кошаркар на сите времиња во НБА лигата. 59-годишниот кошаркар играше 15 сезони во НБА и освои шест титули со Булс. Денес тој е делумен сопственик на Шарлот Хорнетс и тимот 23ХИ Рејсинг во Наскар. 

Ова беше најдоброто искуство до сега. Имав доста инспиративна вечера. Тоа е човекот кој ме инспирираше со неговиот менталитет и успех.

Сите викаат дека не треба да се сретнеш со својот идол бидејќи може да се разочараш. Човекот е гениј и едноставно е во друга лига. Импресиониран сум.

Не знаев дека е фан на Формула 1. Мислам дека го знае спортот подобро од мене. Импресивно е што разговарав со таква легенда. Беше одлична вечера што ја организираше мојот спонзор. Ќе ја паметам до крајот на животот – презадоволен е францускиот возач.

Гасли му дал кацига на Џордан додека тој му потпишал еден пар патики. 

Му дадов една од моите кациги додека тој ми потпиша еден пар патики кои одат во мојот плакар со трофеи. Имав извонреден разговор за тоа како пристапува кон поразите и победите.

Мора да се задржи нивото на перформансите. Зборувавме речиси три часа за Наскар и за моторспортот. Не знам дали се буди рано да ги гледа нашите трки, но е голем фан. Бев изненаден од деталите што ги знае.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ