Гасли сеуште тешко ја прифаќа смртта на Хубер

Пјер Гасли откри дека сеуште тешко го прифаќа фактот дека неговиот близок пријате, Антоан Хубер, го загуби животот на минатогодишното Белгиско Гранд При и призна дека враќањето на Спа Франкошамп воопшто не му е лесно.

Антоан Хубер го згуби животот како резултат на повреди здобиени при судар со голема брзина на излезот од О’Руж во ланската Формула 2 трка. Гасли бил близок пријател со Хубер откако паралелно се пробивале низ јуниорските тркачки категории.

Пјер положи свежи цвеќе на местото каде Антоан го загуби својот живот за време на прошеката по патеката во Четврток.

бев загрижен пред трката затоа што не знаев како реагирам на враќањето овдека, а чувството е тешко и чудно. спа е моја омилена патека и секогаш ќе имам фантастични спомени од патеката поради мојата прва победа со отворен едносед во формула 4.

сепак, годинава е поинаку затоа што штом стапнав во падокот ми се вратија слики во умот и работи кои не сакам да ги прифатам и ми е многу тешко да ги прифатам. дури и во текот на проштеката по патеката се мачев да го прифатам тоа што се случи лани, но тоа е вистината, тоа е реалноста и не ми е воопшто лесно – откри гасли.

Тој откри дека напредокот како возач во многу му го должи на Антоан затоа што биле заедно и се притискале и мотивирале во текот на своите јуниорски кариери пробивајќи се низ различните категории.

тој беше човекот со кого го минував најголем дел од моето време во текот на детството и бевме големи ривали. знам дека нема да го постигнев тоа што го постигнав да не раснев крај него затоа што се притискавме многу без разлика дали на патеката или надвор од неа.

тоа ме направи подобар спортист и подобар возач, а конкуренцијата секогаш ме тераше да бидам подобар и д вадам повеќе од себе. тоа беше дел од мојот развој како личност и како возач и можам само да му бидам благодарена на антоан за тоа.

Гасли откри дека се сеќава на убавите моменти кои ги имале со Хубер, но никако не може да ја тргне од умот ланската несреќа.

многу често зборувам за него со пријателите затоа што имавме многу заеднички другари. денеска имав многу слики од него во умот и посакувам никогаш да не се случеше таа несреќа. за жал, тоа е опасноста во нашиот спорт, но е многу тешко да се прифатеи. дури и кога ги правев овие работи со положување на цвеќето и со посебната кацига за него ми беше претешко.

по трката во будимпешта лани вечерав со него во недела и минавме убаво време со неговата девојка и уште еден пријател. тоа беше нашата последна средба.

тој беше прв што ми прати порака кога ред бул решија да ме вратат во торо росо и тешко ми е што загубив толку близок пријател.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ