Гасли: Сите ќе помислат на Антоан Хубер во Белгија

Со враќањето на Формула 1 на патеката Спа Франкошамп за прв пат по трагичната смрт на Антоан Хубер, Пјер Гасли вели дека целиот падок ќе помисли на неговиот заминат пријател.

Хубер го загуби својот живот на белгиската патека минатата година во трката од Формула 2. Многумина ги упатија своите најдобромислени желби по големата тратегија, а Гасли, кој беше негов близок пријател, вели дека сите ќе помислат на него викендов.

Спа е една од моите најомилени патеки и тркањето е секогаш возбудливо. Навистина уживам тука и имав одлични трки во минатото. Победив за прв пат во Формула 4, како и во ГП2 во 2016 година.

Сепак, оваа година ќе биде тажен момент, бидејќи пред една година мојот добар пријател Антоан го загуби својот живот во ужасната несреќа.

Го познавав од седум години во картинг, бевме во истото училиште, а живеевме во ист стан шест години. Мислам дека сите во падокот ќе помислат на него – се потсетува французинот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ