Голем сомнеж околу одржување на Австралиското ГП во 2021

Голем сомнеж се појави околу тоа дали Мелбурн ќе се врати на Формула 1 календарот во 2021 година.

Градот моментално е на многу контроверзен полициски час за да се елиминираат нови случаи на Корона вирусот. Во четвртокот имаше 13 нови случаи. Откако и големото финале во фудбалската лига беше преместено од Мелбурн за прв пат воопшто, има сомнеж дека владата водена од Даниел Ендрус ќе дозволи Формула 1 да се трка на Алберт Парк следниот Март.

Всушност, се шпекулира дека првиот календар за 2021 година ќе биде објавен набргу, а Бахреин ќе биде прва трка од сезоната.

Популарна тркачка серија која се одржува пред Формула 1 трката е домашната Суперкарс серија, а извршниот директор на истата, Шон Симер, признава дека има голем прашалник околу Формула 1 настанот.

Како и сите други, очекувам потврда дека настанот ќе се одржи. Од таму ќе одлучиме што ќе правиме. Прво е да добиеме потврда за настанот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ