Градежните работи во Џеда во полн ек

НАјбрзата улична патека во Формула 1 полека се комплетира, патеката во Џеда е во тек на создавање, а слики од атркативниот 13ти свиок од патеката беа објавени од страна на организацијата.

Големата Награда на Саудиска Арабија за прв пат е дел од Формула 1 календарот, а трката ќе се вози на 5 Декември. Патеката ќе има 27 кривини, ќе биде долга 6,1 километри, втора најдолга во календарот, просечната брзина ќе биде 250 кмч согласно симулациите. Настанот треба да се одржува навечер, а патеката, за поголема забава, ќе има три ДРС зони.

Клучен дел и најголема атракција на патеката ќе биде кривината број 13 која ќе биде накосена под агол од 12 степени и возачите влегуваат во истата со 322 кмч. Фотографиите покажуваат дека патеката ќе има врвно подготвен и најсоврме центар за медиумите, објект долг 280 метри на четири катови кој ќе биде комплетиран до Октомври.

модената, возбудлива и многу брза патека е физички приказ на целите кои сме ги зацртале како дел од визијата на кралството за 1020 година, програма која има за цел да ја подобри нашата земја, да го исполни сонот за просперитет на нацијата, да го најде талентот, потенцијалот и посветеноста на младиот свет – изјави принц калид бин султан ал абдула ал фаисал, претседател на саудискатала авомобилска и мото федерација.

Влезниците за настанот многу скоро ќе бидат во продажба, а програмата ќе вклучува и музика во живо од врвни пејачи за време на Гранд При викендот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ