Гросжан: Бавниот болид ги тера Шумахер и Мазепин на грешки

Роман Гросжан смета дека пребавниот болид на Хаас за оваа година буквално ги тера двајцата млади дебитанти кои го возат да прават грешки.

Двајцата млади возачи на американската екипа често прават грешки од почетокот на сезоната, особено русинот, кој многу брзо стана омразен лик во падокот. Роман го загуби своето место во екипата лани и верува дека тешкиот и бавен ВФ-21, едноставна еволуција на ланскиот е тежок за трка.

очигледно е дека немаат најдобар пакет на располагање. во трка, знаете, може да имате добар круг, но кога гледате дека болидот пред вас е секунда по круг побрз, се обидувате да го стигнете и да ја надоместувате таа секунда и доаѓате во ситуација каде возите 110% од болидот, над неговите ограничувања. тогаш работите почнуваат да стануваат лоши.

јасно е дека видовме неколку грешки од нив, но мораат да ги стигнуваат оние пред нив, а болидот не е воопшто понаков од лани, едноставно не е доволно добар за да се бори за позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ